Волонтирање

Лајонс Европа Форум Скопје 2018 – ЈАВНА ПОКАНА – ПОВИК
Потребни се волонтери!
Биди и Ти дел од Лајонс Европа Форум Скопје 2018!

Потребна е поддршка и помош од сите кои имаат големо Lions срце за што подобро да ги пречекаме нашите пријатели од Европа и Светот во Скопје.

  • Што ќе прават Lions-ите за време на Eвропа Форум 2018?
    Волонтерите ќе помагаат за помали или поголеми активности и задачи додека трае Форумот и на тој начин ќе придонесат сите заедно да бидеме поуспешни домаќини!
    Волонтерски задачи што ќе треба да се исполнат:
    • Пречек и транспорт на гостите од аеродром, железничка станица до хотелите резервирани од организаторот
    • Транспорт на гостите од хотелите каде се сместени до локациите каде се одржуваат настаните
    • Регистрација на настан, издавање на документи
    • Помошници на Форумот (присуство на сесија, секретар-записничар на сесијата, координација)
    • Фотографирање на настан
    • Видео снимање на настан
    • Канцелариско работење, дистрибуција на информации
    • Грижа за учесниците на кои им е потребна помош, комуницирање

Многу сме благодарни на македонсите Лео и Лајонс членови кои веќе се пријавија како волонтери!
Служиме!
Организациски Комитет Европа Форум Скопје 2018

No pages found.