LIONS EUROPA FORUM '18

25-27 OCTOBER 2018 SKOPJE

ЛИОНС СВЕСНОСТ И ЕМПАТИЈА

Темата “Подигање на свесноста и емпатијата” ги одразува и ги одредува приоритетите на европските Lions-и во вториот век на постоењето.

Свесноста – е свесност за човечките потреби и чувствата на другите луѓе, како што се знаење, перцепција и развивање на јавната свест за лајонизмот и нашата мисија. Свесност за постигнување на целите за раст на членството, подобрување на лидерството и донирање на LCIF.

Емпатијата – е способност да ги разбереме и споделиме чувствата на другите луѓе, особено чувствата на луѓето на кои им треба помош. Помагање колку што е можно повеќе во совладување на предизвиците со кои се соочуваат луѓето на кои им е потребна помош и на заедницата преку иновативни проекти и активности.